• Мартин Танасковски
Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ упатуваат искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА.
„Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа. Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари.“, велат од ФФМ.
Шкендија ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига, а таму чека двомеч со Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција. Ривалот на тетовчани ќе биде познат во јануари.



