ФФМ го суспендира теренот на Новаци поради нападот врз службено лице на Вардар Н.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендира теренот на Новаци по физичкиот напад врз службено лице од тимот на Вардар Неготино за време на меѓусебниот меч одигран минатиот викенд.

Пред финишот на мечот физички беше нападнат директорот на гостите Горан Гогов, потег поради кој ФФМ реши да го суспендира теренот на второлигашот. Се уште не е познато колкава ќе биде казната за Новаци за немилиот настан, но се очекува истата да биде ригорозна, затоа што од федерацијата строго санкционираат насилство на фудбалските терени. 

Новаци е на четвртото место во Втората лига.