• Горан Упале
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука комплетното 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, кое на програмата е утре (недела), да биде одложено и шесте натпревари ќе се одиграат во друг термин.
Причината за ваквата одлука на челниците на ФФМ се лошите временски услови и врнежите на дожд и снег речиси во целата држава. Со оглед на (не)квалитетот на македонските терени, оваа одлука на ФФМ е на место.
Доказ за тоа се и денешната ситуација од терените во ВМФЛ, која е катастрофална и на повеќе терени нема никакви услови за нормално одигрување на фудбалски натпревар.
За кога ќе биде презакажано ова коло ќе се знае во текот на денешниот ден или најдоцна до утре. Федерацијата очекува консултација со Министерството за внатрешни работи (МВР) пред да го закаже новиот термин.