ФФМ го исфрли Њу Јорк од женската фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрече санкција на адреса на тимот на Њу Јорк, кој нема да има право во наредниот дел од сезоната да се натпреварува во женската фудбалска лига.

Фенерџијата во првенството неоправдано не одигра два натпревара во шампионатот против Атлетико и Тиверија Струмица, па од федерацијата постапија според правилникот и го исфрлија тимот од лигата. Воедно, против Њу Јорк ќе се спроведе и дисциплинска постапка.

Њу Јорк беше дебитант во прволигашкото друштво и настапи на 19 средби. Тимот се наоѓа на дното на табелата со 19 порази и има гол-разлика со само осум дадени и дури 136 примени гола.