ФФМ ги одреди судиите за воведната рунда во ПМФЛ

Викендов стартуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. Со шест натпревари в недела ќе се крене завесата на сезоната 2024/25. 

Пет натпревари ќе се играат во терминот од 17:00 часот, додека единствено Брера ќе го дочека Вардар во терминот од 20:00 часот на стадионот „Младост“. Судиската комисија ги одреди арбитрите за натпреварите од првата рунда. 

  • Судии за натпреварите од првото коло: 

Струга Трим Љум - Тиквеш (Димитар Пилешков, Штип)
Беса 1976 - Шкендија (Александар Ставрев, Скопје)
Работнички - Силекс (Александар Грујоски, Кичево)
Пелистер - Гостивар (Стојанче Трпчевски, Кавадарци)
Шкупи - Воска Спорт (Влатко Илиоски, Прилеп)
Брера - Вардар (Јован Качевски, Струга)

Титулата во ПМФЛ ќе ја брани екипата на Струга Трим Љум.