• Мартин Танасковски
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави ново видео од синоќешниот дуел на младите репрезентации на Македонија и Италија кој се одигра во Битола.
По долги години, репрезентативниот фудбал доби нов дом. Градот на конзулите го положи испитот, а од Куќата на фудбалот покажаа задоволство од целата организација на настанот.
„Битола, благодарност за прекрасната вечер! Следниот пат да се радуваме и на победа!“, истакнаа од ФФМ и објавија видео.
Во продолжение, погледнете го видео-материјалот на Фудбалската федерација на Македонија...




