Февруарските награди во Премиер лигата останаа во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, официјално е избран за најдобар играч во Премиер лигата за месец февруари. Египетската ѕвезда четврти пат во кариерата го добива ова признание, а овој пат тоа го заслужи со шест гола и четири асистенции во најкраткиот месец од годината. 

Воедно, „фараонот“ е првиот играч од сезоната 2022/23 кој двапати во една година ја добил оваа награда (беше прогласен за најдобар во месец ноември). 

Што се однесува до тренерите, признанието замина кај искусниот стратег Дејвид Мојс, кој го препороди тимот на Евертон и забележа учинок од две победи и три ремија, од кои едно беше во големото градско дерби со Ливерпул.

За шкотскиот тренер ова е единаесетта ваква награда во кариерата (исто толку има и Пеп Гвардиола), а повеќе од нив имаат само легендарните Алекс Фергусон и Арсен Венгер.