• Горан Упале
Младиот фудблаер Бахер Фета и официјално е нов фудбалер на Марибор. Македонскиот репрезентативец во У21 селецијата, иако беше „под лупа“ на повеќе поголеми клубови, сепак се реши кариерата да ја подолжи во еден од најдобрите словенечки клубови.
„Се работи за млад, талентиран фудбалер, репрезентативец на Македонија, а пред сè за профил на играч кој е намерно избран. Знаевме дека ќе биде речиси невозможно долгорочно да го задржиме Брниќ со вакви настапи и затоа сакаме навреме да ја имаме неговата замена. Следевме многу фудблаери, а нашиот избор е Бехар Фета, кој има динамика, брзина, способност еден на еден. Тој веќе беше под лупа на поголемите клубови, но успеавме да го доведеме, бидејќи бевме исклучително брзи“, рече спортскиот директор Марко Шулер.
Фета минатата сезона се истакна во дресот на Воска Спорт и имаше централна улога во успехот на амбициозниот клуб и пласманот во ПМФЛ. На 28 натпревари во второлигашкото друштво постигна 29 гола.
„Првите впечатоци се одлични, многу сум среќен што сум овде. Ова е важен чекор кон напрад во мојата кариера. Сите добро знаеме што значи 16-кратниот шампион на Словенија и каква историја има. Тоа е голем предизвик за еден млад играч и едвај чекам да се приклучам на тимот“, изјави Фета.
Фета со тимот на Марибор потпиша договор на три години.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.