• Сашо Поповски

Нант и Бордо одиграа одличен меч на кој беа постигнати осум гола, а победи домашната екипа (5-3). Гостинскиот тим се чинеше има сè под контрола по првиот дел, во кој стигна до позитива од два гола. Меѓутоа работите се променија во продолжението, во кое „канаринците“ беа надмоќни и заслужено стигнаа до трите бода.
- Нант - Бордо 5-3:
Кулибали, Симон и еден автогол беа доволни за целосен пресврт за домашната екипа. Во завршницата пенал за гостите промаши Брианд, што го казни Букари за да го постави конечниот резултат во финишот.
Ефикасно беше во Клермон каде истоимениот тим ремизира против Анжер (2-2). Гостите го завршија мечот со човек помалку, а тоа им овозоможи на противниците да се вратат од високата негатива по воведниот дел.
- Клермон - Анжер 2-2:
Минимални триумфи запишаа Брест и Ница, а во завршницата Лил стигна до цел плен на дуелот со Стразбур.