• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на САД со победа од 5-0 над Тринидад и Тобаго ги отвори настапите во новото издание на Голд Купот.
- САД - Тринидад и Тобаго 5-0:
Фаворитот одигра моќно, а работата си ја реши во првиот дел. Тилман со два гола го најави триумфот, а потоа на 3-0 зголеми Агиеманг. Во второто полувреме, Аронсон и Рајт ги поставија конечните 5-0.
- Костарика - Суринам 4-3:
Фестивал од голови имаше на дуелот Костарика - Суринам, кој заврши 4-3. Угалде беше двоен стрелец за Костариканците, по еднаш погодија Угалде и Алкосер, додека за Суринам стрелци беа Керк, Маргарет и Пинас.
- Хаити - Саудиска Арабија 0-1:
Саудиска Арабија, која плати за „вајлд-карта“ да учествува на Голд Купот, го победи Хаити со 1-0. Трите бода ги донесе Ал Шехри од пенал во 21. минута.
ФОТО: U.S. Soccer Men's National Team / Тwitter