ВИДЕО: Фестивал од голови на „Олимпико“, Милинковиќ-Савиќ го спаси Лацио од пораз

Ефикасната игра во второто полувреме донесе интересен меч меѓу Лацио и Болоња кој заврши со шест гола и без победник (3-3). Taка заокружено е претпоследното 37. коло на Серија А со опстанок за Болоња на Михајловиќ и прослава на освоениот Куп и место во Лига Европа за Лацио на Симоне Инзаги. 

Домашната екипа дојде до водство преку Карлос Кореа кој со фантастичен потег си овозможи лесна завршница во 14. минута. Сето тоа беше анулирано во само две минути во вториот дел. 

  • Извештај од натпреварот: 

Поли и Дестро погодија набрзина и ја израдуваа Болоња, која многу брзо го испушти водството. Прекрасен погодок постигна Бастос, но и на тоа гостите имаа одговор.

Главниот судија одигра важна улога при третиот погодок на гостинската екипа. Тој не досуди фаул во корист на Лацио, а тоа го искористи Орсолини за од непосредна близина погоди за конечни 2-3.

Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ доби шанса од слободен удар во последните десет минути и истата ја искористи за да обезбеди реми за својата екипа.

На крајот од оваа недела и официјално ќе биде ставен крај на тековната сезона во Серија А. Нашиот Горан Пандев и Џенова ќе водат борба со Емполи за последното место кое носи опстанок.