• Зоран Мишевски
Англискиот шампион Манчестер Сити го загуби и вториот натпревар на американската турнеја. По загубениот натпревар од Селтик со 4-3, младиот и шаренолик состав на Пеп Гвардиола загуби од Милан со 3-2 (2-1).
- Извештај од натпреварот:
Капитенот на Сити покрај младите момци, Ерлинг Халанд, го отвори резултатот уште во 19. минута. Сепак, тимот на Милан, воден од новиот тренер Фонсека, на теренот имаше повеќе искусни сениорски првотимци и со двата гола на Лоренцо Коломбо во 30. и 34. минута, по асистенции на Чуквуеѕе, го сврте резултатот.
Следеше серија на замени во вториот дел и Сити подобро се снајде и успеа да израмни. Џејмс МекАти со убав гол во 55. минута израмни на 2-2 и се чинеше дека натрпеварот ќе заврши без победник и ќе се пристапи кон изведување на казнени удари. Сепак, младиот Марко Насти со удар по земја од работ на шеснаесетникот во 78. минута го изненади Едерсон и ја погоди мрежата на Премиер лигата (3-2). Бразилскиот чувар на мрежата не интервенираше најдобро и топката му побегна во мрежата.
Иако двете екипи играа без голем број учесници на Европското првенство и Копа Америка, натпреварот на „Јенки стадиум“ во Њујорк го следеа 46.000 гледачи.