• Мартин Танасковски
Екипата на Беса од Добридол во следниот период ќе има уште едно име во ротацијата во тимот, затоа што Фестим Ебиби се врати во стројот и тренира под палката на Александар Таневски.
21-годишниот крилен играч кој настапува по десната страна доживеа тешка повреда пред пет месеци и долго време не беше во можност да игра за Беса. Сепак, повредата е минато, па тој му се стави на располагање на тимот.
Ебиби дојде во Беса од тимот на Ренова, а претходно покрај за младинскиот тим на „гипсарите“ играше и за Шкендија. Во ПМФЛ тој има 16 натпревари, а исто така беше дел и од ростерот на Ренова во квалификациите за Лига Европа.
Беса е апсолутен лидер во ВМФЛ и само чудо ќе ја спречи од влез во најквалитетното друштво.