ВИДЕО: Фешта на аеродромот во Токио, пристигнаа националните херои!

Големи симпатии собра репрезентацијата на Јапонија во текот на Светското првенство во Русија и многумина уште не можат да се помират со начинот на кој оваа селекција беше елиминирана од Белгија во нокаут-фазата.

„Самураите“ одлично одиграа во групната фаза, имаа и водство од два гола против Белгија, но дозволија со пресврт да бидат поразени и мораа да се вратат дома. Експедицијата на Јапонија се врати во Токио, а на аеродромот ги дочека голема маса навивачи.

Иако не го продолжија настапот во четвртфиналето на Мундијалот, сепак беа пречекани како национални херои.

Погледнете го пречекот на јапонските репрезентативци: