ВИДЕО: Фернандо трагичар на Порто, Спортинг без Ристовски до Куп-трофеј

Екипата на Спортинг Лисабон го освои трофејот во Купот на Португалија, откако во возбудлив меч за трофеј по пенали го совладаа градскиот ривал Порто (1-1, 2-2, 5-4 по пенали).

  • Извештај од натпреварот: 

Двата тима понудија супер-возбудливо финале, во кое имаше иницијатива Порто, но едвај се спаси во мечот и дојде до пенали, во кои не успеа да слави. Регуларниот дел заврши со реузлтат 1-1, благодарение на погодоците на Соареш и Фернандес во 41. и 45. минута, додека во екстра-времето паднаа уште додатни два гола.

  • Серијата на пенали: 

Прво во 101. минута до предност дојде Спортинг, по погодок на Бас Дост. Порто се спаси од пораз во самиот финиш, поточно во 120. минута, кога мрежата на „лавовите“ од Лисабон ја стресе Фелипе.

Мечот потоа замина на пенали, кои по три серии беа изедначени. Двата тима промашија по едаш, кога Дост од Спортинг и Пепе од Порто шутираа во пречките. Се играше гол за гол се до шестата серија, кога Рибеиро одлично го одбрани пеналот на Фернандо, а на спротивната страна погоди Фелипе за голема радост.

На овој натпревар поради суспензија не играше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. За Спортинг ова е 17-ти трофеј во Купот, со што тимот се искачи на второто место на вечната листа пред Порто со 16 титули. На врвот е Бенфика, со 26 титули.

  • Пораката на Стефан Ристовски по освоениот Куп на Португалија: