Фернандо Торес во нова улога, стана тренер во омилениот клуб

Некогашниот напаѓач Фернандо Торес замина во пензија, но нема да остане надвор од фудбалот затоа што стартува тренерска кариера.

Популарниот „Ел Нињо“ кој има 37 години почна со работа во младинскиот погон на Атлетико Мадрид. Овој клуб важи за омилен на Торес, затоа што тука ги одигра најдобрите натпревари во кариерата.

Фернандо Торес прекина со активното играње фудбал во 2019 година, а покрај за Атлетико играше уште и за јапонски Саган, Ливерпул, Челзи, Милан...