Фернандо Јеро е нов тренер на второлигашот Овиедо

Некогашниот капитен на шпанската фудбалска репрезентација, Фернандо Јеро е именуван за нов тренер на амбициозниот шпански второлигаш Овиедо. Ова е прв самостоен тренерски предизвик за Јеро, кој до пред две сезони беше помошник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид,

Како фудбалер Јеро настапуваше за Ваљадолид и Реал Мадрид, а важи за еден од петмината фудбалери со најмногу настапи за шпанската репрезентација.

Овиедо, за кој своевремено настапуваше Митко Стојковски, го осигура Јеро на една година, со опција за уште една, период во кој сака да се врати во Примера по една и пол деценија. Сопственик на овој клуб од малото градче во Астурија е мексиканскиот тајкун Карлос Слим.