Фернандез даде гол и со својот потег ги израдува фановите: „Јас сум тука!“

Енцо Фернандез крена огромна прашина со своите настапи за Аргентина на Светското првенство во Катар. Младиот играч за врска го привлече вниманието на гигантите, а најзагреан беше Челзи кој одамна работи на неговиот трансфер.

Иако Фернандез наводно имаше договор со „сините“, Бенфика не попушта и бара 120 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула. Поради ова, тренерот го тргна играчот од тимот, меѓутоа бргу го врати. Фернандез му одговори на најдобар начин, даде гол против Варзим, па со својот гест покажа дека сè уште е играч на Бенфика. 

Нема сомнеж дека Фернандез во иднина ќе игра во голем клуб, меѓутоа тоа веројатно нема да се случи веднаш оваа зима.