ВИДЕО: Фернандеш од пенал ја обезбеди првата радост за Јунајтед на „Олд Трафорд“

Бруно

Манчестер Јунајтед конечно запиша домашна победа во Премиер лигата, откако вечерва минимално запиша три бода на дуелот со Вест Бромвич Албион (1-0).

Уште еднаш Бруно Фернандеш и неговата мирна реализација од пенал беше одлучувачка за „црвените ѓаволи“. Португалецот по кој знае кој пат искористи најстрога казна, која донесе триумф за тимот на Оле Гунар Солскјер.

  • Извештај од натпреварот: 

Првиот дел донесе голем број возбудувања, но ниту еден погодок. И двата тима активно бараа водство, но тоа се случи дури во второто полувреме. Најпрво гостинот доби најстрога казна, но главниот судија ја разгледа ситуацијата и ја промени одлуката.

Фернандеш беше дел од сомнителната ситуација, а потоа на спротивната страна доби шанса за гол. По играта со рака на Дарнел Фурлонг, домашниот фудбалер рутински погоди, што на крај се покажа како момент на одлука на денешната средба на „Олд Трафорд“. Првиот обид на Португалецот гостинскиот голман го одбрани, но со оглед на тоа што предвремено излезе од гол-линијата, пеналот беше повторен. Во вториот обид Фернандеш беше прецизен и донесе гол и победа за „ѓаволите“. 

Калум Робсон ја имаше најголемата шанса за ВБА, а Хари Мегвајер беше блиску да ја потврди победата на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед го скрши проклетството на домашен терен во Премиер лигата, откако претходно од „Олд Трафорд“ полн плен однесоа Кристал Палас и Арсенал, а Челзи одигра без голови.