ВИДЕО: Фернандеш го израдува неубедливиот Јунајтед со пенал во 99. минута!

Брајтон Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа во новата сезона во Премиер лигата, откако славеше на гостувањето кај Брајтон (2-3) во натпревар од третото коло на Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Оле Гунар Солскјер направи неколку измени во однос на првиот меч против Кристал Палас. Тоа вроди со плод, бидејќи „црвените ѓаволи“ одиграа подобро од воведниот натпревар и ги запишаа првите три бода во сезоната.

Долго време екипите се надигруваа, а првиот погодок пристигна дури во 40. минута. Бруно Фернандеш направи фаул за пенал, кој со прекрасна „паненка“ го реализира Нил Мопеј.

Само три минути подоцна, гостите се вратија во игра и го скратија славјето на противникот. Центрираше Фернандеш, а Матиќ ја врати топката во гужвата пред домашниот гол, од каде биеше Мекгвајер, за на крај голот да му биде препишан на Данк, од кого топката се одби во мрежата.

Следуваше одговор на Јунајтед во вториот дел. Најпрво Маркус Рашфорд погоди за 1-2, но поради офсајд позиција овој гол беше поништен. Но, немаше никакви дилеми во неговата реализација во 55. минута, кога биеше неодбранливо за пресврт.

Брајтон не се откажа и продолжи да напаѓа, користејќи ја затворената тактика на фаворитот. Тросард беше вистински трагичар на денешната средба. 25-годишниот белгиски интернационалец дури трипати ја погоди рамката од голот на Де Хеа и пропушти шанса да донесе позитивен резултат за својата екипа.

Се чекаше дури до последните моменти од мечот за уште едно возбудување. Брајтон храбро нападна и доби награда, користејќи последна шанса преку Марч, кој погоди за 2-2. Јунајтед прерано со повлече и повеќе мислеше на одбраната, па доби нов шок во вториот дел.

  • Пеналот за победа на Манчестер Јунајтед во Брајтон: 

Сепак, тука не беше крајот. По еден корнер Мегвајер биеше со глава, а Мопеј играше со рака. Судијата досуди крај, но потоа се поправи и покажа на белата точка. Фернандеш шутираше сигурно и донесе голема победа за Манчестер Јунајтед.