ВИДЕО: Фермин и Јамал во супер-елемент, Барса „пукна петарда“ против Комо

Шпанскиот гигант Барселона одигра фантастичен пријателски натпревар против екипата на Комо и го разби италијанскиот тим со убедливи 5-0 (4-0). 

  • Извештај од натпреварот:

Каталонците ја покажаа својата сила уште во првите 45 минути и не дозволија никакво изненадување, а за тоа се погрижи Фермин Лопез (постигна два гола), кому му се приклучија Бразилецот Рафиња и младиот бисер, Ламин Јамал. На паузата резултатот гласеше 4-0. 

Токму Јамал ја продолжи голгетерската серија и во второто полувреме, постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот во 49. минута, воедно поставувајќи го и конечниот резултат на мечот. 

За Барселона ова беше последен тест во пресрет на почетокот на Примера, каде во првото коло ќе гостува кај екипата на Мајорка

Комо, пак, ќе одигра уште една контролна средба во пресрет на предизвиците во Серија А и ќе се соочи со второлигашот Судтирол. Прв предизвик за тимот на Сеск Фабрегас во домашното првенство ќе биде мечот против Лацио на домашен терен.