Фереира Караско и Дембеле со мали шанси за настап против Шведска

Gol.mk на EURO 2016

Муса Дембеле и Јаник Фереира-Караско веројатно ќе го пропуштат денешниот меч со Шведска во рамките на третото коло на групата Е на Европското првенство. 

Селекторот на белгиската репрзентација, Марк Вилмоц, во последен момент ќе одлучи дали Дембеле и Фереира Караско ќе заздрават по повредите, но шансите се мали. Двајцата го напуштија вчерашниот тренинг и до последен момент ќе бидат неизвесно. 

„Црвените ѓаволи“ само со победа можат да бидат сугурно во пласман во осминафиналето, иако многу веројатно и со реми ќе бидат најмалку во групата на најдобро третопласирани селекции на турнирот.