Фердинанд: Убеден сум дека Артета сака да биде тренер на Манчестер Јунајтед

Рио Фердинанд, како и секогаш, отворено зборува на сите фудбалски теми и често изнесува сензационални информации. Екс-ѕвездата на Манчестер Јунајтед ги потресе англиските медиуми и даде една изјава која дојде како огромен шок за навивачите на Арсенал, а таа е дека Микел Артета ќе изврши големо предавство и би можел да ги преземе „ѓаволите“ по истекот на следната сезона!

„Убеден сум. Артета едвај чека да добие повик од Манчестер Јунајтед. Во ова сум убеден 100% и знам дека веќе се остварени некои првични контакти. Не сум внатре во клубот и не знам премногу детали, но воопшто нема да ме зачуди ваквото „предавство“. 

Јунајтед е желба на најголемите тренери, а меѓу нив е и Артета. Ништо чудно ако набргу дојде време кога ќе се збогува со Арсенал и ќе се пресели кај големиот ривал. Животот оди понатаму, вакви потези се случувале и во минатото“, вели Фердинанд. 

Фановите на „топчиите“ од Лондон почнаа да фрлаат со „дрва и камења“ по легендата на Јунајтед и сметаат дека овие негови изјави се граничат со научна фантастика. Микел Артета има важечки договор со Арсенал до крајот на следната година и за неговите услуги се интересираат повеќето европски гиганти.