Фердинанд го „пецна“ Мурињо: Си го вративме Јунајтед назад!

Рио Фердинанд

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, верува дека Оле Гунар Солскјер полека, но сигурно го враќа тимот од „Олд Трафорд“ на победничките патеки на кои навивачите се навикнати да го гледаат.

Норвешкиот стратег целосно ја врати самодовербата кај фудбалерите, а резултатите се показател дека англискиот гигант повторно е страв и трепет во Премиер лигата. На последните 11 меча, „црвените ѓаволи“ имаат десет победи и само едно реми, што му се допаѓа на легендата на клубот. 

Колку е задоволен од играта на својата поранешна екипа, Фердинанд покажа на Твитер каде испрати порака, која по малку е провокативна кон Жозе Мурињо, поранешниот тренер на Јунајтед.

„Си го вративне ЈУНАЈТЕД НАЗАД!“.

Тимот од Манчестер го совлада Фулам со головите на Пол Погба и Антони Марсијал и се искачи на четвртото место на табелата.