Феран Торес прифатил понуда да се пресели во Барселона

Феран

Шпанскиот напаѓач Феран Торен прифатил да си замине од Манчестер Сити и да се пресели во Барселона, пишува „Марка“.

Младиот голгетер ќе биде офанзивното решение за Чави Хернандез во новата сезона. Останува само клубовите да се договорат околу откупната сума.

Она што каталонскиот гигант му го вети на 21-годишникот е голема минутажа. Тоа е причината за незадоволството кое го чувствува Шпанецот во редовите на тимот на Пеп Гвардиола.

Барса размислува да ја заврши операцијата уште во јануари, но финансиската криза се чини дека нема да ѝ го дозволи тоа. Трансферот се очекува да биде комплетиран налето, кога Чави ќе започне да го гради ростерот за новата сезона.

Торес е дете на Валенсија, кој потпиша за Сити минатата година.