Фер-плеј потег во Шкотска: Ренџерс постигна неспортски гол, па менаџерот ја исправи неправдата (ВИДЕО)

Необичен потег на фер-плеј се случи во натпревар од шкотскиот ФА Куп. Глазгов Ренџерс со 3-2 го совлада второлигашот Патрик Тистл, а во 70. минута се случи ретко виден момент на фудбалските терени.

Фудбалер на Глазгов Ренџерс лежеше повреден на тревникот, по што гостинските фудбалери ја исфрлија топката во аут. По враќањето на топката, Тилман некоректно и брзоплето им ја одзеде и постигна гол. 

По протестите и негодувањата, „пресече“ тренерот на Глазгов Ренџерс. Тој им нареди на своите фудбалери да дозволат играчите на Патрик Тистл да постигнат гол. 

  • Фер-плеј потегот на менаџерот на Глазгов Ренџерс: 

И пккрај израмнувањето на 2-2, второлигашот на крајот не го сочува ремито и загуби со 3-2.