Феноменална серија на Донарума: Никогаш не примил ДВА ГОЛА кога играл за Италија!

Донарум

Џанлуиџи Донарума беше фантастичен на дуелот против Белгија, на кој Италија се ираздува на пласманот во полуфиналето на Европското првенство.

22-годишникот спречи неколку удари на белгиските репрезентативци и успеа да ја сочува својата мрежа при резултат 0-0. Тоа можеби беше клучно за успехот на „азурите“ во Минхен.

Првиот голман на италијанската репрезентација, кој брани во националниот дрес пет години, ја продолжи одличната серија која гласи дека никогаш не примил два гола на репрезентативно ниво.

Првата шанса за Италија му ја даде Џианпјеро Вентура во август 2016 година. Претходно Антонио Конте го изостави од тимот кој настапи на Европското првенство.

На клупско ниво ги бранеше боите на Милан, а ова лето се очекува да се пресели во Пари Сен Жермен.