• Иван Димовски
Фудбалерите на Алмерија успеаја да направат голем подвиг и ремизира против Атлетико Мадрид (2-2) во последниот саботен натпревар од шпанската Примера. Последнопласираниот тим во ова првенство успеа да дојде до третото реми во низа, изненадувајќи го фаворитот од Мадрид.
- Извештај од натпреварот:
Сè тргна според планот за Атлетико, бидејќи веќе во втората минута водство донесе Анхел Кореа. До полувремето домашниот тим на „Пауер Хорс Стадион“ успеа да дојде до израмнување. Со удар од далечина гол за 1-1 постигна младиот Лука Ромеро.
Во вториот дел Атлетико пак успеа да дојде до водство, стрелец овојпат беше Родриго Де Пол во 57. минута. Сепак, само седум подоцна со својот втор гол на мечот Ромеро кој е позајмен од Милан ги постави конечните 2-2. Момците на Симеоне се наметнаа и притиснаа, ама не успеаја да го пронајдат патот до мрежата и ги разочараа своите фанови.