ВИДЕО: „Фенерџијата“ го шокира Јунајтед, реми на Евертон и Лестер

Шефилд Јунајтед го шокира Манчестер Јунајтед и победи на „Олд Трафорд“ со 1-2 (0-1). „Ѓаволите“ иако притискаа и напаѓаа, „фенерџијата“ ги искористи своите шанси и освои три бода. Втората сезона победа за Шефилд беше дело на Брајан и Бурк, додека за Манчестер погоди само Мегвајер. 

  • Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 1-2: 

Рашфорд го отвори натпреварот со првата шанса, биеше крај голот на Шефилд. На спротивната страна, предноста ја најави Шарп со удар кој го бранеше Де Хеа. Првиот гол во мрежата на „црвените ѓаволи“ дојде по корнерот кој го изведе Флек, додека највисок во скокот беше Кин Брајан кој со глава страла за 0-1 во 23. минута. Јунајтед успеа еднаш да погоди во првиот дел, ама голот беше поништен поради прешршок. 

По паузата момците на Солскјер тргнаа поофанзивно, а ривалот целосно се бранеше. Израмнувањето беше плод на Хери Мегвајер кој слично како Брајан со глава по корнер погоди за 1-1. Иако Манчестер Јунајтед притискаше, одбраната пред голот на Ремсдејл беше безгрешна. 

Казната за неконкретната игра пристигна во 74. минута. Лундстрам додаде до Оливер Бурк, а овој биеше по голот и топката се одби од Туанзебе, па заврши зад грбот на Де Хеа по вторпат за 1-2. „Ѓаволите“ пак притискаа и по вториот примен гол, ама нападите завршуваа далеку од опасната зона и мрежата на Ремсдејл мируваше до крајот на мечот. 

За Шефилд Јунајтед ова е само втора победа во Премиер лигата, а имаат и два реми исхода, па со осум бодови се последнопласирани. Манчестер Јунајтед испушти шанса пак да се искачи на лидерското место и да го мине Сити. 

Во истиот термин се одигра и натпреварот на „Гудисон Парк“, каде Евертон и Лестер одиграа реми од 1-1. „Лисиците“ беа подобар ривал во овој меч, но тоа не го спречи Хамес Родригез да стрела за водство по половина час игра. Во продолжението израмнување и еден бод за Лестер донесе Јури Тилеманс, за конечни 1-1.

  • Евертон - Лестер 1-1: