ВИДЕО: Фенерџијата Дижон имаше решение за Рен, Балде постигна супер-гол

Дижон

Рен по трет пат сезонава ремизираше, вторпат во низа, овојпат на гостински терен кај Дижон (1-1) на отворањето на седмото коло во Лига 1.

Лидерот на табелата не успеа да се справи со последнопласираниот противник, кој успеа да стигне до бод, иако имаше негатива по првиот дел. По една лоша реакција на Чала, гостите поведоа, со реализацијата на Терие од 11 метри.

  • Извештај од натпреварот: 

Прекрасна соло-акција во продолжението направи Балде и го постави конечниот резултат. Тој изигра неколку противници и погоди во 53. минута од мечот.

Рен доминираше кога се во прашање поседот и шансите, но не успеа да постигне гол повеќе за три бода. Ова е изненадување, ако се земе предвид бодовното салдо на двете екипи на стартот од новата сезона.