• Мартин Танасковски
Екипата на Фенербахче игра најатрактивен фудбал во турската лига и сака да се врати на тронот по секоја цена. Се донесоа многу фудбалери, ама управата нема да мирува.
Се подготвува уште еден голем трансфер. „Жолто-сините“ од Истанбул се близу да го донесат стоперот на Атлетико Мадрид, Чаглар Сојунџу, објавија шпанските медиуми. Преговорите меѓу двата клуба се во тек.
Сојунџу е репрезентативец на Турција, а додека беше член на Фрајбург важеше за еден од најдобрите млади стопери во светот. Потоа тој беше дел од Лестер Сити, па се пресели во Атлетико Мадрид.
Фенербахче оваа година е во атак на тронот. На домашната титула екипата од Истанбул чека од 2014 година.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.