• Горан Упале
Португалскиот стручњак, Жозе Мурињо, денес треба да биде претставен како нов тренер на Фенербахче, а се очекува да биде приреден вистински спектакл во азискиот дел на главниот град на Турција.
Клубот на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии на кои се прикажани последните подготовки околу сцената на која официјално ќе биде претставен новиот шеф на стручниот штаб на тимот.
Според најавите на тамошните медиуми, целиот настан треба да започне во 18:00 часот, а се очекува на трибините на стадионот „Шукру Сараџоглу“ да бидат присутни голем број навивачи на Фенербахче.
Büyük buluşma için Saracoğlu’nda hazırlıklar devam ediyor.
Ekipler çalışmalarını sürdürüyor. https://t.co/Z0qvB1kcly pic.twitter.com/wIImsLgzjr— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) June 1, 2024
Мурињо пристигна во Фенер откако тимот остана без шампионска титула и токму тоа ќе биде негова главна задача во претстојните две сезони. Според извештаите, трофејниот стручњак треба да заработува меѓу 15 и 20 милиони годишно, што го прави најплатениот тренер во историјата на турскиот фудбал.