Фенербахче нема да преговара за Елмас за помалку од 20 милиони евра

Елмас

Блескавото издание на дербито против Галатасарај на Ељиф Елмас е уште еден доказ за неговите квалитети и талент.

Македонскиот репрезентативец, кој бележи одлични игри и во националниот дрес, е на радарот на неколку европски екипи. Тотенхем, Лацио, Фиорентина и Зенит будно го следат секој негов настап и се подготвени ова лето да се борат за да го ангажираат во своите редови.

Фенербахче е свесен дека ќе има проблеми да го задржи „бисерот“, па ја одреди сумата под која сигурно нема да се ослободи од неговите услуги.

Во Турција пишуваат дека за да започнат било какви преговори за трансфер на Елмас, екипите ќе мора да подготват најмалку 20 милиони евра. 

По две сезони како дел од Работнички, 19-годишниот македонски фудбалер се пресели во редовите на турскиот гигант. Во 29 официјални натпревари досега нашиот интернационалец постигнал два гола.