Фенербахче го најде „новиот Елмас“ во Вардар

Екипата на Фенербахче е на прагот да донесе нов млад фудбалер од Македонија, затоа што постои интерес за ангажман на вардаровиот фудбалер Али Адем.

19-годишниот Адем кој настапува на позицијата играч за врска беше дел од првиот тим на Вардар и одигра солидна сезона. Сега, тој е на радарот на Фенербахче, кој во него гледа нов македонски супер-талент и „дијамант“ во стилот на Ељиф Елмас.

Како што пишуваат од Турција, не е само Фенербахче тимот што е заинтересиран за Адем, туку постои интерес и од редовите на лутиот ривал Галатасарај.

Оваа сезона Адем се најде во стартниот состав на Вардар на 15 натпревари и забележа една асистенција.