• Мартин Танасковски

Турски Фенербахче доби нов тренер, а изборот на гигантот падна на добро познато име. Емре Белозоглу се враќа во клубот со кој емоционално и професионално е поврзан со години, но овојпат со задача да го предводи тимот од тренерската клупа.
Од истанбулскиот клуб ја потврдија неговата нова улога со емотивна порака, преку која потсетија на посебната врска што ја има со жолто-синиот дрес. Белозоглу во минатото беше дел од Фенербахче како фудбалер, а потоа и како тренер, па неговото враќање претставува продолжување на приказната со клубот.
Од клубот нагласија дека Белозоглу бил дел од големото семејство и на теренот и покрај него, а сега повторно ќе има можност да работи за успехот на тимот. Последен клуб на Емре како тренер беше Касимпаша, а работеше и во Анталијаспор, Анкарагуџу и Башакшехир.



