Фенербахче донесе големо засилување на позицијата на Алиоски

Екипата на Фенербахче претстави големо засилување, откако во своите редови го договори холандскиот интернационалец Џејден Квин Остерволде.

По успешно извршените лекарски прегледи Остерволде стави потпис на договор со Фенербахче и ќе ја засили левата бековска позиција на тимот, каде што настапува и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Турскиот тим за овој трансфер на Парма ѝ исплати сума од шест милиони евра.

„Многу сум среќен што сум овде. Дојдов во големо семејство. Едвај чекам да заиграм во овој дрес. Добив многу пораки за поддршка од нашите фанови на социјалните мрежи. Со нетрпение очекувам да се сретнам со нив на стадионот“, рече сега веќе поранешниот играч на Парма.

Веќе подолго време се шпекулира дека Алиоски е на излезна врата од Фенербахче, а дали овој трансфер ќе биде пресуден за иднината на македонскиот репрезентативец, наскоро ќе дознаеме.