ВИДЕО: Фенер загуби во Кајзери, лесни победи за Галатасарај и Бешикташ

Со голот на Умут Булут во второто полувреме Кајзериспор го совлада лидерот Фенербахче и ја сопре неговата серија на победи во турската Суперлига. Во рамките на десеттото коло, победа извојува и Галатасарај, кој по поразот во дербито со Бешикташ, го надигра Ризеспор со 2-0, со головите на Монтасар и Бабел.

Трабзонспор непријатно ги изненади своите навивачи со домашниот пораз од Гезтепеспор со 0-1. Единствениот погодок го постигна Џејсон Камерон. Бешикташ славеше на теренот на Анталијаспор со 1-2, а стрелци на головите беа Вида и Диаби.

  • Кајзериспор - Фенербахче 1-0: 

  • Анталијаспор - Бешикташ 1-2: 

  • Трабзонспор - Гезтепеспор 0-1:

  • Галатасарај - Ризеспор 2-0: 

Лидер е Аланијаспор со 19 бода, еден повеќе од второпласираниот тим на Сиваспор

Состави

Чагдаш Атан

4-2-3-1

    Jorge Jesus

    4-3-3