• Мартин Танасковски

Екипата на Фенербахче го одбрани домашниот терен и покажа моќ против белгиски Андерлехт (3-0) во рамки на 1/16-финалето од фудбалската Лига на Европа, па реваншот треба да е само формалност.
- Фенербахче - Андерлехт 3-0:
Тимот на Мурињо игра во топ-форма, вкупно 13 натпревари по ред нема пораз, а на овој меч движечка сила на екипата беше балканското дуо Душан Тадиќ и Един Џеко. Во првото полувреме Тадиќ донесе предност, која потоа Џеко ја удвои пред паузата. Во вториот дел точка на триумфот стави Јусеф Ен-Незири.
- Мидтјиланд - Реал Сосиедад 1-2:
Важна победа забележа и Реал Сосиедад на гостувањето кај Митјиланд во Данска (1-2). Тимот од Сан Себастијан преку Мендеш и Кубо обезбеди 0-2, а поразот на домашните го ублажи Букса. Сите голови на мечот паднаа во првото полувреме.
- Ференцварош - Плзен 1-0:
Ференцварош по лигашкиот пораз се врати во ритам и дома го совлада чешки Плзен (1-0), со голот на Абу Фани во 23. минута. Голема победа извојува и холандски Ајакс, на гостински терен кај Унион СЖ во Белгија (0-2). Расмусен и Мокио беа јунаци на „копјаниците“, но вреди да се напомене дека на Унион му беа поништени два гола.
- Унион СЖ - Ајакс 0-2:
Реваншите во плеј-офот на Лигата на Европа се закажани на 20 февруари.