Лев и Билиќ најсериозни кандидати за тренерското столче во Фенер

Јоаким Лев остана без работа откако летово по 15 години ја напушти клупата на германската фудбалска репрезентација. Но, одморот може да биде краток, затоа што германските медиуми пишуваат дека Лев би можел да реализира изненадувачки ангажман во Турција.

По серијата лоши резултати, Фенербаче му врачи отказ на Витор Переира е во потрага по нов тренер, а фаворит на претседателот на клубот Али Коч е искусниот Германец.

61-годишниот Лев во минатото седеше на клупата на Фенербахе, тоа беше во сезоната 1998/1999 година, а во Турција ја водеше уште Аданаспор.

Покрај Лев меѓу кандидатите за нов тренер на Фенер е и поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ, кој по заминувањето од ВБА седна на клупата на Пекинг Гуан.