• Зоран Мишевски
Голманот на хрватската репрезентација Доминкк Ливаковиќ се сели од Турција во Шпанија. Џирона го ангажираше на позајмица, откако Фенер го ослободи на една сезона.
Ливаковиќ ја започна кариерата во НК Загреб, а потоа одигра дури 207 натпревари за Динамо, пред да се пресели во Фенербахче во 2023 година. 29-годишникот е стандарден хрватски репрезентативец и за својата земја досега настапи на 62 натпревари.
Џирона, која пред два дена се раздели со Бојан Миовски, многу лошо ја почна сезоната во Примера и по првите три кола нема ниту еден бод.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




