ВИДЕО: Фенер едвај спаси бод против Трабзонспор, Кочаман со еден куп проблеми

Фенербахче веќе е во голема криза, а сезоната само што започна. Тренерот Кочаман ги штедеше силите на натпреварот во Скопје против Вардар во четвртокот, но турскиот гигант ремизираше во дербито од второто коло на Суперлигата и тоа пред своите гледачи во Истанбул против Трабзонспор, 2-2 (1-1).

Кочаман извади покомплетитивен тим за разлика од натпреварот пред четири дена, но никако не можеше да го најде патот до мрежата на гостите. Бурак Јилмаз уште во 5. минута погоди против својот поранешен клуб и ги доведе гостите од Трабзон во водство (0-1). Во последните мигови од првиот дел Алпер Потук израмни на 1-1 и донесе голема радост за „жолто-сините“.

Олчај Шахан со прекрасен гол во 56. минута ги доведе гостите повторно во водство, но на шест минути до крајот на натпреварот, резервистот Чачечуе беше срушен во казнениот простор и судијата покажа на белата точка. Французинот Валбуена најстрогата казна ја претвори во гол и спаси бод за Фенербахче (2-2).

Со два нерешени натпревари против Гезтепе на Јаховиќ и против Трабзонспор во шампионатот и поразот во Скопје, Фенер дефинитивно негативно ја започна новата сезона.