Фелипе од Порто е замената за Годин, Атлетико плати 25 милиони евра

Дефанзивецот на Порто, Фелипе веќе ги помина лекарските прегледи во Атлетико Мадрид и деновиве ќе го стави потписот на договор со шпанскиот вицешампион. 30-годишниот Фелипе ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ како замена за Годин, кој заминува како слободен фудбалер и ќе го облече „сино-црниот“ дрес на Интер.

Фелипе ќе потпише договор со екипата на Симеоне за период од три години, а трансферот ќе изнесува 25 милиони евра.

Дефанзивецот сезонава постигна еден гол и имаше една асистенција за Порто на 30 одиграни натпревари. Овој викенд ќе се знае епилогот на Примеира, а веќе следниот викенд Фелипе со својата екипа ќе го игра и финалето на Купот на Португалија против Спортинг Лисабон.