Фелипе Луис: Не ни останува ништо, освен победа во Мадрид

Од страв да не примат гол, фудбалерите на ПСВ Ајндховен и на Атлетико Мадрид одиграа 0-0 и дилемите околу патникот меѓу осумте најдобри ги оставија за 15 март. 

„Дадовме максимум, се боревме, беше изедначено, но не успеавме да победиме. Дефанзивно завршивме голема работа. Мора да го чекаме реваншот. Не ни останува ништо друго освен да победиме во реваншот“, рече Бразилецот, Фелипе Луис. 

Повратникот од тимот на Челзи игра многу подобро од претходната сезона, а и вечерва одлично си ја заврши работата во Холандија.