• Мартин Танасковски
Челзи понуди 65 милиони евра за трансфер на офанзивецот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Лондончани првично ќе платат 35 милиони, а остатокот низ рати ќе биде префрлен на сметката на „јорганџиите“.
Португалецот лично веќе му кажал „да“ на Челзи и сега двата клуба треба да се договорат за условите на зделката. Трансферот на Феликс е во директна врска со оној на Конор Галагер во спротивна насока.
Англискиот играч за врска неколку дена е во шпанската престолнина за да направи прегледи и да го потпише договорот со Атлетико, но сега има информации дека ќе се врати во Лондон додека не се разјасни се околу Феликс.
Преговорите меѓу Феликс и Челзи тргнаа по неуспешниот трансферот на Саму Омородион на „Стемфорд Бриџ“.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.