ВИДЕО: Жоао Феликс доби црвен и му рекол на судијата дека е луд – го чека сериозна суспензија

Екипите на Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао не ги оправдаа очекувањата на фановите и одиграа само 0-0 во вчерашното дерби на Примера.

Еден од најдобрите напаѓачи на шампионот, Жоао Феликс овој натпревар го започна од клупата за резерви, а откако влезе во игра (60. минута), на терен беше само 18 минути, затоа што со лакт, неспортски удри противнички фудбалер по лицето и заслужено доби исклучување. 

Но, она што ги загрижува Симеоне и мадриѓани е фактот што младиот Португалец може да добие сериозна суспензија. Наводно, по црвениот картон, Феликс му рекол на главниот судија Манзан дека е луд, за што се соочува со казна од 4 до 12 натпревари.

Состави

Диего Симеоне

4-4-2

    Marcelino

    4-4-2