Фекир прави чуден трансфер: Ги одби премиерлигашите и се сели во Примера!?

Францускиот репрезентативец Набил Фекир, зад себе повторно остави одлична сезона во дресот на Лион, и пак е еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот ова лето. 

За неговиот услуги се заинтересирани повеќе премиерлигаши, меѓу кои Ливерпул и Арсенал, но како што објавуваат француските медиуми одличниот крилен фудбалер е пред изненадувачки трансфер во Примера

Наводно, Фекир веќе ги договорил личните услови со тимот на Бетис, клуб за кој ќе потпише договор од пет години, а неговиот Лион би добил од 25 до 30 милиони евра. 

26-годишниот Французин од 2005 година е дел од Лион. Најпрво играше за младинските категории, а за првиот тим дебитираше во 2013 година. Одигра вкупно 144 натпревари, во кои постигна 54 гола.