„Од Ливерпул кажаа многу лаги за мене и затоа никој не сакаше да ме купи“

Ѕвездата на Бетис, светскиот првак со Франција, Набил Фекир беше на чекор од трансфер во Ливерпул минатото лето. Трансферот пропадна откако плејмејкерот падна на медицинските тестови. Сепак, некогашниот ас на Лион за француските медиуми ја објасни нејасната ситуација пред 12 месеци.

Фекир го обвини Ливерпул дека лажел за неговата здравствена состојба.

„Луѓето од клубот кажаа многу лаги за мене. Ги поминав лекарските прегледи, но тие решија да не потпишат со мене. Тие сакаа да поверувам дека проблем е коленото, но тоа беше само лага. Поради таа лага се откажаа и други клубови кои беа заинтересирани за мене во тој период“, рече Фекир.

Иако Бетис игра променливо, Фекир блеска во првите три кола од Примера