Фекир доаѓа на „Енфилд“, отворен патот за Мане да се пресели во Мадрид!?

Мане Реал Мадрид

Шпански „Дон Балон“ пишува дека англискиот гигант Ливерпул подготвува 59 милиони фунти за напаѓачот на Лион, Набил Фекир.

„Црвените“ беа блиску до неговиот потпис минатото лето, но напаѓачот во последен момент се премисли и го спречи лекарскиот преглед. Оваа сезона 25-годишниот француски интернационалец одигра 33 натпревари на кои постигна 12 гола, а асистираше во седум наврати.

Ова би можело да значи дека на „Енфилд“ се подготвуваат за разделба со Садио Мане. Сенегалецот е на радарот на Реал Мадрид, а Зинедин Зидан го стави во самиот врв на својата листа летни засилувања.

Останува да видиме дали Јирген Клоп ќе го жртвува поранешниот член на Саутемптон и ќе му овозможи да го направи трансферот на кариерата.