ВИДЕО: Феернорд го „дотепа“ Ајакс во доигрувањето на дербито

Холандскиот „Класикер“ заврши со убедлива победа на Феенорд на гости кај Ајакс од 0-4 (0-3). Дуелот од шестото коло кој викендов беше прекинат поради хаосот кој го предизвикаа домашните фанови, се доигра пред празните трибини на „Јохај Кројф Арена“.

В неделата Феенорд дојде до предност од три гола во првиот дел преку Сантијаго Хименез и Игор Паишао. Сепак, во 55. минута најверните навивачи на Ајакс го прекинаа мечот со пиротехника. 

Денес се доигра дуелот во Амстердам, пред празните трибини, а Феенорд дојде до уште поубедлива победа. На самиот почеток, поточно во 59. минута Хименез го комплетира хет-трикот и донесе голем триумф над великанот. 

Со овој триумф Феенорд е на четвртото место со четири бода помалку од водечкиот ПСВ и по еден од АЗ и Твенте. Од друга страна, Ајакс е во катастрофална серија и има само пет бода на 14. место.

Состави

John van't Schip

4-3-3

    Arne Slot

    4-2-3-1