ВИДЕО: Феенорд среќник, Лацио лузер во лудата група, Звезда згасна кај Монако!

Екипата на Монако со доминантна фудбалска претстава ја совлада Црвена Звезда на домашен терен (4-1) и така го продолжи својот пат во Лигата на Европа, а српскиот шампион го остави без европска пролет.

  • Монако - Црвена Звезда 4-1:

„Црвено-белите“ им требаше да бидат непоразени за да останат во некаква игра за понатаму, меѓутоа по дебаклот во кнежевството продолжи ужасната серија во пресметките со француските екипи на гостински терен и така се заврши патот во Европа оваа сезона.

  • Трабзонспор - Ференцварош 1-0:

Трабзонспор на Енис Барди беше подобар од Ференцварош (1-0), благодарение на голот на Бакасетас во седмата минута, но оди во Конференциската лига како третопласиран. Македонскиот репрезентативец ги одигра последните дваесет минути.

  • Феенорд - Лацио 1-0:

Во лудата група Ф, верувале или не, сите екипи завршија со по осум освоени бода. Мидтјиланд дома го победи Штурм (2-0), исто беше и со Феенорд над Лацио (1-0). По овие резултати се формира круг меѓу екипите и одлучи гол-разликата. Феенорд и Митјиланд се среќниците кои одат во нокаут-рундата на Лига Европа, додека Лацио патува во Конференциската лига како трет.

  • Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед 0-1:

На останатите натпреавари Реал Сосиедад дома загуби од Манчестер Јунајтед (0-1), меѓутоа како лидер оди понатаму поради подобрата гол-разлика. „Ѓаволите“ продолжуваат од второто место во групата Е, трет е Шериф Тираспол кој го победи тимот на Омонија (1-0) и патува во Конференциската лига..

Во групата Г, Фрајбург и Карабах одиграа без победник (1-1), а Нант со победа во Пиреја кај Олимпијакос (0-2) го верификува второто место и заедно со Фрајбург одат во следна рунда, а Карабах патува во Конференциската лига.

Состави

Arne Slot

4-3-3

    Маурицио Сари

    4-3-3